logo

HOOVERPHONIC - 18.04.2025

Македонска Филхармонија
пет, 18 апр 2025 20:00

Блок

Одберете Билети

Сектор А

Сектор Б

Сектор Ц

HOOVERPHONIC - 18.04.2025
HOOVERPHONIC - 18.04.2025

HOOVERPHONIC - 18.04.2025

НАВИСТИНА МАГИЧНИТЕ HOOVERPHONIC СЛАВАТ 25 ГОДИНИ ОД "MAD ABOUT YOU" И АЛБУМОТ "THE MAGNIFICENT TREE" FOR ONE NIGHT ONLY И ВО СКОПЈЕ!

18 АПРИЛ 2025

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Драги наши,

Големо задоволство ни е да ви го најавиме првиот светски авалонски концерт закажан за 2025та година!

Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18ти април, 2025та!

По повод 25 години од aлбумот "The Magnificent Tree", во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера - "Mad About You", Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.

Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, барем за нас, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (14-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.

ВАЖНО: Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.

Ваша,

АП